20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„DoorDash“ отпушта повеќе од 1.200 корпоративни работници

„DoorDash“ отпушта повеќе од 1.200 корпоративни работници

Услугата за испорака на храна „DoorDash“ отпушта 1.250 свои корпоративни работници како дел од нејзините тековни напори за намалување на трошоците поврзани со забавување на растот и прекумерно вработување. Ова го објави извршниот директор Тони Ксу во порака до вработените, цитирана од „CNBC“.

Цената на акциите на „DoorDash“ падна за 6% по веста.

„DoorDash“ се приклучува на редовите на „Amazon“, „Meta“, „Twitter“, „HP“ и „Lyft“ кои отпуштија вработени. Технолошката индустрија многу вработуваше за време на пандемијата, но го отпушти персоналот во изминатиот месец бидејќи високите каматни стапки ја намалија побарувачката на потрошувачите и го оптоварија расположението на инвеститорите.

Претходно оваа година, „DoorDash“ објави дека ќе го забави вработувањето. Имаше 8.600 корпоративни работници заклучно со 31-ви декември 2021-ва година.

Компанијата излезе на берза кон крајот на 2020-та година и имаше успешна почетна јавна понуда, при што цената на нејзината акција скокна за 80% од нејзината почетна вредност. Во ноември 2021-ва година, „DoorDash“ го достигна својот врв на пазарна капитализација од 81,1 милијарди долари, иако никогаш не успеа да оствари профит.

Компанијата сега ќе нуди 17 недели отпремнина на вработените. Нивните здравствени придонеси ќе продолжат до март 2023-та година. За странците, датумот на раскинување со компанијата ќе биде 1-ви март – одлуката според Сју ќе им даде „што е можно повеќе време да најдат нова работа“.

Цената на акциите на гигантот падна за повеќе од 60% од почетокот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП