19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Airbus“ ќе соработува со „Renault“ за да развие нова генерација на батерии

„Airbus“ ќе соработува со „Renault“ за да развие нова генерација на батерии

Европскиот производител на авиони „Airbus“ потпиша договор за партнерство со францускиот производител на автомобили „Renault“ за развој на нова генерација на електрични батерии за автомобили и авиони.

Инженерските тимови од двете компании ќе ги здружат силите за да ги унапредат технологиите поврзани со складирање на енергија, една од главните пречки за развојот на електрични возила на долги растојанија, соопшти „Airbus“.

„За прв пат, двајца европски лидери од различни индустрии споделуваат инженерско знаење за да ја обликуваат иднината на хибридно-електричните авиони“, рече Жил Ле Бурн, потпретседател за инженерство на „Renault“.

„Воздухопловството е исклучително барано поле во однос на безбедноста и потрошувачката на енергија, како што е и автомобилската индустрија“, додава тој.

Соработката ќе се фокусира на оптимизирање на управувањето со енергијата и подобрување на тежината на батериите, истовремено проучувајќи го целосниот животен циклус на идните батерии и проценување на нивниот јаглероден отпечаток.

Претходно оваа година, главниот извршен директор на „Airbus“, Гијом Фаури, изјави за германскиот весник „Welt am Sonntag“ дека компанијата може да премине во производство на мотори.

На патот кон климатско неутрални летови, „Airbus“ има намера да пласира патнички авион на водород до 2035-та година. Според Фаури, критично за успехот на водородната авијација е зелената водородна инфраструктура.

„Ни треба многу електрична енергија без јаглерод диоксид. Во индустријата ќе има конкуренција за енергија без јаглерод диоксид“, вели шефот на „Airbus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП