25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПопуларниот моден бренд отпушта 1.500 работници ширум светот

Популарниот моден бренд отпушта 1.500 работници ширум светот

Модниот бренд H&M соопшти дека ќе ја намали својата глобална работна сила за околу 1.500 работни места како дел од планот за намалување на трошоците и подобрување на ефикасноста.

Компанијата со седиште во Шведска соопшти дека трошоците за реструктуирање од 800 милиони круни (76 милиони долари) ќе бидат регистрирани во финансискиот извештај за последните три месеци од оваа година, пренесува АП.

Се проценува дека намалувањето на персоналот ќе обезбеди годишни заштеди од околу 2,0 милијарди круни (190 милиони долари).

Главниот извршен директор Хелена Хелмерсон рече дека H&M е „многу свесен за фактот дека колегите ќе бидат погодени од оваа одлука“ и дека компанијата ќе ги поддржи во изнаоѓањето на најдоброто можно решение во нивните следни чекори.

H&M е основана во Шведска во 1947 година, има околу 4.664 продавници на 77 пазари и има 57 онлајн продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП