19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Chevron“ се врати во Венецуела

„Chevron“ се врати во Венецуела

Американските власти ќе му дозволат на „Chevron“ да продолжи со работа во Венецуела, пишува „The Wall Street Journal“.

Оваа одлука е последица на договорите меѓу претседателот на државата Николас Мадуро и опозициските сили за спроведување на програмата за хуманитарна помош вредна 3 милијарди долари.

Двете страни ќе ги продолжат своите разговори во Мексико Сити во обид да обезбедат слободни и демократски избори во Венецуела. Договорот за обезбедување хуманитарна помош е постигнат во мексиканската престолнина со посредство на Норвешка, додава американското издание.

По постигнувањето на овој договор, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја врати лиценцата на „Chevron“, дозволувајќи и на компанијата да се врати на нафтените полиња во Венецуела. Работи во земјата преку заеднички вложувања со државната „Petroleos de Venezuela“. Лиценцата од САД не дозволува да профитира од продажбата на нафтата што ја произведува „Chevron“.

Одлуката на САД важи шест месеци и може да се ревидира во секое време доколку Венецуела не ги почитува своите обврски или не преговара со добра волја со опозициските сили. Санкциите ќе се вратат доколку Мадуро се обиде да ги протурка преговорите, изјави сенаторот Роберт Менендез, кој раководи со Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.

Враќањето на „Chevron“ може да ги поттикне и другите нафтени компании да ја преиспитаат својата иднина во Венецуела. Поради санкциите, производството на нафта во земјата се намали на 700 илјади барели дневно, во споредба со околу 3 милиони барели во 1990-тите. Според аналитичарите, производството може да се зголеми до 1 милион барели дневно на краток рок.

Некои републиканци во Сенатот ја критикуваа одлуката на Бајден да ја врати способноста на „Chevron“ да работи во Венецуела. Според нив, Белата куќа треба да ги охрабри нафтените компании да го зголемат домашното производство на нафта, а не да поддржува диктаторски режими. Сепак, администрацијата на Бајден коментира дека мерката ги промовира демократските процеси во Венецуела. Тоа нема да има ефект врз цените на горивото во САД, додаде Белата куќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП