23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска пониски цени на горивата

Од денеска пониски цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на одлуката од 24.11.2022 година.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалија за 2,00 денара/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намали 1,50 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,027 денари/кг и сега изнесува 41,810 денар/кг.

Од 29.11.2022 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 84,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 86,50 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 86,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 82,50 (денара/литар)

Мазут М-1 НС – 41,810 (денар/килограм)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП