27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДомати во вселената: Како астронаутите добиваат свежа храна додека се на Меѓународната...

Домати во вселената: Како астронаутите добиваат свежа храна додека се на Меѓународната вселенска станица

Хранливите материи се клучни за одржување на доброто здравје и на Земјата и во вселената.

Но, на вселенската станица има многу малку свежи производи, а исхраната главно се заснова на претходно подготвени и спакувани оброци кои астронаутите ги јадат за време на нивниот шестмесечен престој во орбитата на Земјата.

Затоа и ракетата која вчера ја лансираше компанијата SpaceX со нови залихи на храна и други потреби за астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица, содржеше и семки од домати кои за првпат ќе се одгледуваат во вселената.

Ракетата беше подигната од вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида вчера, откако лансирањето, првично закажано за четврток, мораше да биде одложено поради лошите временски услови.

Изобилството на залихи испратени од ракетата вклучувало соларни панели, предмети потребни за научни експерименти, семки од џуџести домати, но и задоволства за астронаутите, како што се сладолед и пити од брусница, јаболка и тиква, пишува CNN.

„За нашите истражувачки цели во НАСА, многу е важно да ги снабдуваме астронаутите не само со оброци, туку и да се обидеме да одгледуваме различни видови растенија кои би биле извор на хранливи материи дури и при подолги патувања до далечни места како што е Марс“, рече Курт Костело, главен научник за програмата на Меѓународната вселенска станица на НАСА и заменик-менаџер на Канцеларијата за интеграција во истражувањето.

Астронаутите веќе одгледувале и консумирале различни видови зелена салата, ротквици и чили пиперки на Меѓународната вселенска станица.

И сега, благодарение на новата пратка, тие ќе можат да додадат џуџести домати Red Robin на нивната листа на состојки за салата.

Овој експеримент е дел од напорите да се обезбеди континуирано производство на свежа храна во вселената.

Семето од џуџести домати ќе се одгледуваат во вселената под два различни типа на светлина за да се утврдат ефектите врз приносот и хранливата вредност и вкусот на овошјето.

Во исто време, како контролен експеримент, овој ист вид домати ќе се одгледува на Земјата.

Потоа ќе се споредат плодовите од вселената и од Земјата за да се измери ефектот на околината со нулта гравитација врз растот на доматите.

Астронаутите ќе го проценат вкусот, аромата, сочноста и текстурата на доматите кои се одгледуваат под два различни вида светлина.

Напролет се очекува доматите да бидат готови за првиот тест за вкус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП