Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека во случај на напад од запад или југ, Белорусија ќе одговори заедно со Русија.
„Во случај некој да не нападне, не можете ни да замислите како можеме да одговориме… Нема да го разгледуваме проблемот со валкана, чиста нуклеарна бомба. Ќе одговориме на таков начин што нема само Европа да трепери. Нема само ние да реагираме, тоа ќе го направиме во соработка со Русија. Ова е нашата заедничка група на вооружени сили“, изјави Лукашенко за „Првиот канал“ на маргините на самитот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Ереван.

