29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПет намирници кои го зголемуваат имунитетот во текот на зимата

Пет намирници кои го зголемуваат имунитетот во текот на зимата

Свежото овошје и зеленчук се помалку достапни во текот на зимата, па понекогаш треба да бидете креативни во снабдувањето на организмот со витамини, минерали и други хранливи материи од храната.

Освен цитрусните овошја, во подигнувањето на имунитетот можат да послужат и овие намирници.

Кефир

Овој ферментиран млечен производ содржи олигосахариди, вид на сложени јаглени хидрати кои ги хранат корисните бактерии во желудникот и го зајакнуваат имунитетот. Чувајте го кефирот на ладно место бидејќи активните култури се осетливи на високите температури.

Кисела зелка

Киселата зелка е еден од главните извори на витамин Ц во зима. Со оглед на тоа дека настанува при процес на ферментирање, полна е со бактерии кои го чуваат здравјето на желудникот и го штитат организмот од болести.

Артичоки

Артичоките се одлична замена за пробиотици. Содржат несварливи хранливи материи кои ги хранат корисните бактерии во дигестивниот тракт и ја зајакнуваат добрата здравствена состојба на организамот.

Банани

Бананите се одличен извор на калиум и магнезиум. Овие минерали се исклучително важни за телото во состојби на стрес, исцрпеност и замор, па претставуваат одлични сојузници во зајакнувањето на имунитетот во текот на зимата.

Комбуха

Чајот од оваа габа која е богата со Б витамин дава енергија во зимските месеци и е одлична алтернатива за газираните пијалоци. Имајте на ум дека консумирањето на оваа умерено кисела течност не се препорачува на лицата кои боледуваат од желудечни проблеми бидејќи може да ја иритира слузницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП