20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„iPhone 15“ ќе биде изработен од титаниум и ќе има заоблени рабови...

„iPhone 15“ ќе биде изработен од титаниум и ќе има заоблени рабови (ФОТО)

Иако остануваат уште 10 месеци до лансирањето на новите „iPhone“ уреди, аналитичарите тврдат дека знаат што можеме да очекуваме.

Судејќи според најновите информации од сигурен аналитичар, „Apple“ ќе го промени дизајнот на рабовите на серијата „iPhone 15“ телефони и ќе користи титаниум за изработка на куќиштето. Како што се наведува, новите „iPhone“ уреди ќе имаат заоблени задни рабови, а не рамните што имавме можност да ги видиме во претходните три генерации.

Ако сте запознаени со историјата на телефоните на „Apple“, овој дизајн ќе ви звучи познато, бидејќи нешто слично веќе видовме во 2013-та година, кога технолошкиот гигант го претстави „iPhone 5C“, кој имаше рамни рабови на предната страна и заоблени рабови на грбот.

„Според раните информации што ги имам, „iPhone 15 ќе“ има нов дизајн на рабовите. Аголот на задниот раб ќе биде заоблен. Исто така, материјалот од кој ќе биде направен ќе биде титаниум“, велат од „ShrimpApplePro“.

Иако сѐ уште е рано премногу сериозно да ги сфатиме приказните за финалниот дизајн, веста за заоблените рабови не ни изгледа толку туѓо, особено откако „Apple“ го донесе овој дизајн на своите нови „MacBook“ лаптопи, чии рабови се рамни на врвот и заоблени на дното.

Дополнително, иако ова е прв пат да слушаме за заоблени рабови, ова не е првпат титаниумот да се споменува како материјал по избор за телефон. Иако гласините споменуваа дека „iPhone 14 Pro“ ќе биде направен од овој метал, тоа не се случи, но го видовме во паметниот часовник „Apple Watch Ultra“, чие куќиште е направено од титаниум. „Apple“ за своите телефони користеше само алуминиум и нерѓосувачки челик, па останува да видиме дали шпекулациите ќе се остварат, особено ако се земе предвид колку проблеми имаат со производството на уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП