Во насока на градење на винската култура и традиција и со цел промоција на македонското вино, на 19. и 20. ноември 2022 година се одржа Фестивалот на младо вино во винарската визба „Тиквеш“. Ова е 13-то издание на Фестивалот на младо вино, кој од година во година привлекува сѐ поголемо внимание во земјава и регионот. Бројни гости, соработници и партнери на винарницата од земјава, регионот и светот, викендов имаа можност да ги дегустираат младите вина од повеќе сорти од бербата 2022 година.
Годинава, Фестивалот на младо вино се одржа под мотото „За виното, во хармонија со природата“, означувајќи го процесот на зелена и дигитална трансформација на ВВ „Тиквеш“ во прва зелена винарница во регионот.


