Кампањата започна истовремено во повеќе држави и ги поттикува луѓето ширум Европа да се слушнат со најблиските во текот на празниците
Празниците се период од годината кога се поврзуваме со оние кои најмногу ни значат. На крајот на уште една година на неизвесност, никогаш не било поважно да провериме како се нашите сакани. Оваа кампања укажува на потребата од социјална поврзаност и важноста на грижата и вниманието кон најблиските преку едно едноставно прашање: „Како си?“.

