29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнегловска-Бежоска: Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на...

Анегловска-Бежоска: Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава

Растат штедните влогови на граѓаните. Од почетокот на годината тие се повисоки за 130 милиони евра. Се забележува и зголемување на каматите на денарските депозити. Довербата во домашната валута се задржа, за што се доказ и операциите на централната банка на девизниот пазар, односно од јули наваму се откупуваат девизи, вели гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за Македонската телевизија.

„Кога започна војната во Украина, депозитите се намалија на месечна основа на 1,8%, меѓутоа потоа без прекини се остварува раст на депозитите на населението. Според последните бројки годишниот раст е некаде околу 5,3%, а вкупно од почетокот на годината депозитите пораснаа за 130 милиони евра“, истакнува гувернерката.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска посочува дека се забележува и раст на каматните стапки кај денарските депозити. За ова придонесуваат мерките коишто ги презема Народната банка со нормализирање на монетарната политика, но и мерките за поттикнување на денаризацијата.

„Повидливи се промените кај каматните стапки на депозитите, и тоа кај депозитите во денари, затоа што дел од нашите мерки беа насочени токму кон поттикнување на штедењето, особено денарското“, вели гувернерката.    

Гувернерката посочува дека и покрај кризата, довербата во денарот е задржана, а валутните склоности се стабилизирани. Со избувнувањето на војната во Украина, поради зголемената побарувачка на девизи, во голема мера како одраз на потребите на компаниите за девизна ликвидност за увоз на енергенти, интервенциите на Народната банка се однесуваа на продажба на девизи. Сепак, од јули наваму, централната банка постојано откупува девизи, со што во голема мера се намали притисокот којшто се почувствува на почетокот на годината. Девизните резерви и натаму се на соодветното ниво и се значително повисоки во споредба со почетокот на пандемијата, нагласува гувернерката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП