сабота, 28 јануари 2023
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтатистика: Македонците лани во просек трошеле 5.700 евра - колку европјаните месечно,...

Статистика: Македонците лани во просек трошеле 5.700 евра – колку европјаните месечно, а располагале со 8.200 евра

Едно четиричлено семејство во земјава, годишно просечно располага со 8.186 евра или со 682 евра месечно, а во просек троши по 5.700 евра или 474 евра месечно. Ова го покажува Статистичкиот годишник за 2021 година на Државниот завод за статистика, според кој, во однос на претходната година растат и парите со кои располага, но и кои ги употребува просечно домаќинство во земјава. Статистички, лани во просек едно семејство имало на располагање 2.486 евра повеќе од тоа што употребило.

Во пракса пак граѓаните постојано се жалат дека состојбата со реалните финансии на едно домаќинство, со години како се повеќе да се влошува. Податоците откриваат како и колку Македонците заработуваат и што се им треба за да преживеат, барем статистички.

Од расположливите средства 8.186 евра со кои годишно раполага едно просечно четиричлено семејство, 8.0506 евра се парични средства, а 5.371 евро се од редовен работен однос. Статистиката покажува со што се македонците го полнат домашниот буџет, со цел да ги закрпат дупките со финансиите. Така, 10.295 денари годишно заработуваат надвор од работен однос, од хонорари или други активности од кои вонредно заработуваат. Од пензиите на родителите на располагање имаат дури 104.055 денари годишно, од роднините од странство им стигнуваат 5.885 денари, а од намалување на она што некогаш заштедиле земаат по 4,826 денари годишно.

Но за што се ги потрошиле парите и дали тоа им било доволно?! Податоците покажуваат дека од 8.186 евра, граѓаните трошеле во просек по 5.700 евра, од кои најголемиот дел 5,390 евра за лична потрошувачка, а само 2.683 евра за храна и безалкохолни пијалоци. Во просек едно четиричлено домаќинство во земјава за храна и безалкохолни пијалоци, односно за основната потрошувачка кошничка трошело по 233 евра месечно или околу 13.747 денари месечно, односно по член само 3.436 денари за месец, покажува статистиката.

Статистиката пресметала дека за алкохол и тутун, годишно во просек се трошат по 18.221 денар, за облека и обувки 14.368 денари или секој член лани имал на располагање 4.555 денари годишно за облека и обувки, односно за да се поднови трошел по 379 денари месечно. За станарина  и режиските трошоци едно семејство плаќало 38.176 денари годишно, за здравје 10.573 денари севкупно за сите членови на семејството, а за комуникации 12.955 денари. Математиката покажува дека за рекреација и култура годишно оделе само 4.914 денари, а за образование само 72 денари.  За разлика од ова пак за кафани и хотели, статистиката покажала дека завршиле во просек 9.772 денари по домаќинство, а на отплата на кредити 3.288 денари. Статистиката врз основа на анкетата која ја правела врз 3.061 домаќинство кои пак се репер за 568.110 домаќинства пресметала дека едно семејство вложувало 11.569 денари на штедење годишно.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП