28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Amazon“: Отпуштањата ќе продолжат во 2023-та

„Amazon“: Отпуштањата ќе продолжат во 2023-та

Извршниот директор на „Amazon.com“ Енди Џеси рече дека гигантот за е-трговија ќе продолжи да намалува работни места во 2023-та година, бидејќи ќе се приспособи на деловните услови – неговиот прв јавен коментар за плановите за намалување на трошоците што ги вознемируваат вработените во „Amazon“ по извештаите дека концернот планира да затвори околу 10.000 работни места.

„Лидерите ширум компанијата работат со своите тимови и ги разгледуваат нивоата на работна сила, инвестициите што сакаат да ги направат напред, и даваат приоритет на она што е најважно за нашите клиенти и долгорочното здравје на нашиот бизнис“, рече Џаси во изјавата.

„Овогодинешниот преглед е потежок поради фактот што економијата и понатаму е во тешка ситуација, а ние рапидно вработувавме во последните неколку години“, призна тој, цитиран од „Bloomberg“.

Џеси рече дека вработените во бизнисите со уреди и книги на компанијата биле известени за промените и дека на некои од организацијата „Луѓе, искуство и технологија“ на „Amazon“, која вклучува професионалци за регрутирање и човечки ресурси, им е понудено доброволно заминување според документите разгледани од „Bloomberg“, многу од вработените добија рок од 60 дена да најдат нови работни места во компанијата, по што ќе следува отпремнина по стаж доколку не најдат нова позиција.

„Нашиот годишен процес на планирање продолжува и во новата година, што значи дека ќе има повеќе отпуштања бидејќи лидерите продолжуваат да прават прилагодувања“, рече Џеси.

„Овие одлуки ќе бидат споделени со засегнатите вработени и организации на почетокот на 2023-та година“, додава тој.

Џеси се обидуваше да ги намали трошоците во услови на забавување на растот во неколку области од бизнисот на „Amazon“. Компанијата предвиде најниско досега зголемување на приходите за својот празничен квартал. Во изминатите неколку месеци, Џеси ги замрзна вработувањата за некои корпоративни позиции и затвори неколку експериментални и помали програми.

„Amazon“ е меѓу низата технолошки компании, како што се „Meta Platforms Inc“. и „Salesforce Inc.“, кои кратат работни места по години на брз раст. На крајот на март, бројот на вработени со полно и со скратено работно време во „Amazon“ достигна 1,62 милиони луѓе, а до 30-ти септември тој падна на 1,54 милиони.

Некои од вработените го критикуваа Џеси дека молчел оваа недела по објавувањето на отпуштањата и се прашуваа зошто не разговарал со нив за ситуацијата, како што направил извршниот директор на „Meta“, Марк Цукерберг со своите вработени преку виртуелен состанок. Со малку информации од менаџерите, онлајн таблите за пораки на „Amazon“ брзо се наполнија со објави од илјадници вработени кои разменија мислења за отпуштањата и бенефициите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП