21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Gap“ претпазливо ја очекува празничната сезона

„Gap“ претпазливо ја очекува празничната сезона

Модниот бренд Gap ги победи очекувањата на „Wall Street“ за својата квартална заработка, но даде внимателна прогноза за сезоната на празници, пишува „CNBC“.

Компанијата, која ги поседува и брендовите „Old Navy“, „Banana Republic“ и „Athleta“, покрај истоимениот бренд, рече дека очекува нејзиниот вкупен нето приход од продажба да се намали за среден едноцифрен процент на годишно ниво во четвртиот квартал на фискална 2022-ра година.

Главниот финансиски директор Катрина О’Конел рече дека иако компанијата постигнала напредок во намалувањето на големиот залихи, таа „ќе продолжи со својот внимателен пристап во светлина на несигурноста на потрошувачите и сè попромотивното опкружување додека гледаме на остатокот од фискалната 2022-ра година.

Цената на акциите на гигантот порасна за речиси 8% во после-пазарното тргување во четвртокот. Од почетокот на годината, акциите загубија 27% од вредноста, со што вчерашната сесија ја завршија на ниво од 12,72 долари, забележувајќи близу 5% раст во трговскиот ден.

Нето приходот на „Gap“ се зголеми на 282 милиони долари, или 77 центи по акција на неприлагодена основа, значително подобрување од нето загубата од 152 милиони долари, или 40 центи по акција, една година порано. Приходите се зголемија за 2% на 4,04 милијарди долари од 3,94 милијарди долари во истиот квартал во 2021-ва година.

Во август, „Gap“ ја повлече годишната прогноза, наведувајќи ги проблемите на компанијата, вклучувајќи висока инфлација и слаба доверба на потрошувачите.

Компанијата бара нов извршен директор откако Соња Сингал се повлече во текот на летото и по разделбата со брендот „Yeezy“ на Канје Вест, попознат како „Ye“ во моментов. Вест го раскина договорот со „Gap“ во септември, наведувајќи ги договорните прекршувања и недостатокот на креативна контрола. „Gap“ ги отстрани сите производи на „Yeezy“ од своите продавници кон крајот на октомври, откако Вест објави јавни антисемитски коментари.

„Gap“ сега наведува дека трошоците за оштетување поврзани со „Yeezy Gap“ се 53 милиони долари.

Споредливите приходи од продажба на „Gap“, кои вклучуваат приходи од физички и онлајн продавници отворени најмалку една година, се зголемија за 1 отсто во однос на истиот период минатата година. Според податоците на „StreetAccount“, аналитичарите очекуваа пад од 3,2%.

Приходите од онлајн продажба се зголемија за 5% во текот на изминатата година и сочинуваат 39% од вкупните нето приходи од продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП