28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 13“ и „MIUI 14“ доаѓаат на 1-ви декември

„Xiaomi 13“ и „MIUI 14“ доаѓаат на 1-ви декември

Покрај „Xiaomi 13“, оваа компанија подготвува и свежа верзија на корисничкиот интерфејс „MIUI“ за истата премиера.

Иако нема официјална потврда, информациите од повеќе извори потврдуваат дека „Xiaomi“ подготвува големо изненадување за првиот ден од декември.

Како што пренесува „GizChina“, новата информација ја објави познатиот инсајдер Картикеј Синг на мрежата „Twitter“, а доколку оваа компанија продолжи со стратегијата што ја користеше во минатото, повторно ќе треба да почекаме додека не го видиме „Xiaomi 13 Ultra“, односно најрано во јануари 2023-та година.

Покрај серијата „Xiaomi 13“, „MIUI 14“ е многу интересно ажурирање, бидејќи веќе некое време се зборува за отстранување на реклами од корисничкиот интерфејс, што може да биде сериозен пресврт во бизнисот на оваа компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП