Ако планиравте да купите некој од овие Мерцедеси, не грижете се, попустот сигурно ќе ве заобиколи.
Имено, Мерцедес ја намали цената на своите најпрестижни електрични модели исклучиво на кинескиот пазар, каде конкуренцијата е жестока. Пазарот на електрични автомобили таму е во подем, а домашните брендови доминираат. Мерцедес сега сака да биде поконкурентен и да го освои планираниот дел од колачот. Продажбата на електричниот Мерцедес моментално е разочарувачка во Кина, особено на моделот EQS. Како што пишува Automotive News Europe, електричната верзија на класата S се продава со интензитет од само околу стотина примероци месечно.

