А1 Македонија најавува нова атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2023 година со неограничена комуникација, многу содржини и многу ТВ уреди, мобилни уреди и паметни часовници по најповолни цени.
Како и секогаш, и овој пат, A1 Македонија е насочена кон потребите на корисниците и ги нуди најдобрите мобилни, интернет и телевизиски услуги по пристапна цена. Овие празници, со тарифниот модел А1 Net M + TV M во А1 Combo пакет за само 799 денари месечно корисниците ќе добијат супер брз интернет, како и пристап до најдобрата телевизија на нашиот пазар, А1 Xplore TV, која нуди многубројни функционалности за корисникот како: телевизија на сите уреди каде и да сте, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со најдобриот квалитет на слика.


