Посетата на стоматологот не треба да биде само во моментите кога ќе ни се скрши пломба или ќе не заболи заб. Редовни прегледи барем 2 пати во годината се повеќе од неопходни. Нешто може да не е во ред со забите уште пред ние тоа да го забележиме вели стоматологот Д-р Лиљана Бабамова од ДЗУ Бабамова. Колку повеќе делуваме превентивно, толку на долг рок ја зголемуваме веројатноста за поздрави заби. Понекогаш и не сме свесни колку се важни забите за општата здравствена состојба, и дека тие влијаат на различни органи во нашето тело. Болестите на устата и забите може да предизвикаат непријатност и болка и да бидат поврзани со други сериозни здравствени проблеми. Половина од луѓето во светот страдаат од орални заболувања, како што се расипување на забите и заболување на непцата, што може да влијаат на секој аспект од животот, од лични односи и самодоверба до функционирање во училиште и на работа.
Денес, стоматологијата е толку многу напредната, се работи со софистицирана опрема, така што стравот кој постои за одење на стоматолог е крајно непотребен, вели Д- Бабамова. Процесите се безболни, се работи со врвни материјали, а на крај резултатот е здрави бели заби. Како стоматолог кој веќе децении работи во земјава,, и во кој имаат доверба голем број на клиенти, нашата редакција се реши да ја отвори темата за орална хигиена, со цел да поттикне општа свест и воедно да едуцираме за грижа за сопственото здравје.
- Грижата за забите, непцата и јазикот е исклучително важна, не само поради одржување на блескавата насмевка, туку и поради целокупната здравствена состојба. Дали доволно се грижиме за нашите заби?
– Мојот впечаток е дека грижата за оралното здравје е се по изразена и се движи во нагорна линија. Се поголем е бројот на пациенти кои редовно ги посетуваат стоматолошките ординации и навистина посветуваат големо внимание на оралното здравје. Тоа е особено изразено кај помладата популација и се должи на повеќе фактори. Одењето на стоматолог веќе не се поврзува само со болка. Убавата насмевка значи многу повеќе од здравје..
- Што е тренд во стоматологијата?
Желбата на секој стоматолог е да излезе во пресрет на очекувањата на пациентот и понуди што е можно поквалитетни услуги по прифатливи цени. За таа цел мора да ги следиме најновите трендови кои одат во насока на зголемување на квалитетот на третманот, го скратува неговото времетраење, и се се завршува во мал број на посети. Во нашата ординација, први и единствени воведовме метод на воздушна абразија со која кариесот се отстранува на комплетно безболен начин, со млаз од воздух и прашак. Може да се користи и кај деца и кај возрасни. Нема болка, непријатен звук, вибрации и стрес. Методата е многу конфорна, третманот релаксирачки. Освен ваквите придобивки, оваа метода го штеди здравото забно ткиво од прекумерно одземање, а влијае и на квалитетот на финалните изработки. Се третираат лезии, од површни до најдлабоки, а се овозможува и третирање на повеќе заби во една сеанса и тоа без употреба на анестезија. Имено, направена е статистика и потврдено дека пломбите изработени со оваа метода, траат двојно подолго. Сето погоре набројано, ја прави оваа метода мошне атрактивна за нашите пациенти.
Имплементиравме и употреба на мекоткивен ласер со што воведовме цела листа на нови услуги и ги унапредивме веќе постоечките, со што можноста од несакани последици и пропусти се сведени на минимум.
- Доброто орално здравје кое води кон посреќен и поздрав живот. Дали постојат правила за орална хигиена кои треба да се почитуваат! Кои се вашите совети?
Препораката е забите да се четкаат најмалку двапати дневно, по можност и после секој оброк, а четкањето да биде со квалитетна четка. Секогаш ги следам новите трендови па во тој поглед, би сакала да ги споменам четките за заби со кварц. Импресионирана сум од ефектот што се постигнува, и затоа топло ги препорачувам. Со нивна редовна употреба наслаги нема или нивното присуство е сведено на минимум. Интересен е фактот дека нивната ефикасност е поголема колку што е помала количината на паста нанесена на работната површина на четката при четкањето. Без оглед на тоа дали, колку и каква паста сте употребиле, на крајот секогаш завршете го четкањето само со вода. Моќта на кварцот, негативните јони и инфраред ефектот, ќе допринесат за безпрекорна чистота. Забележавме дека пациентите кои користат ваков тип на четки, многу поретко имаат потреба од третмани на чистење на забен камен и наслаги. А без наслаги, нема кариес. Секако овде би ги споменала и останатите средства, како што се употреба на забен конец, средства за иригација и водички за плакнење.
- Кои се најчестите стоматолошки услуги во ПЗУ Бабамова?
Во нашата ординација достапни се сите стоматолошки услуги од областа на општа стоматологија и тоа почнувајќи од превентивните, како што се импрегнации со препарати за заштита на забите, залевања и запечатување на фисури, отстранување на забен камен и меки наслаги, па се до изработка на пломби со висококвалитетни и најсовремени материјали за реставрација, кои гарантираат висока естетика, функционалност и издржливост. Исто така изработуваме протетски изработки од типот на коронки и мостови, почнувајќи од основни металкерамички до најестетски безметални конструкции. Соработуваме со неколку врвни заботехнички лаборатории од земјава и странство се со цел да излеземе во пресрет на се поголемите очекувања на нашите пациенти во поглед на естетиката која е се поважна.
Да заклучиме-Најдобар начин да се зачува нашето орално здравје е редовно да одиме кај нашиот доктор по дентална медицина за прегледи и чистење на забите. Тој се грижи за нас, не ве советува за тоа колку редовно треба да одиме на посети, во зависност од нашите специфични потреби. Докторот по дентална медицина игра клучна улога во одржувањето на целокупното наше здравје. Затоа треба да се надминат било какви изговори за посета. Tel: 02 244 4255