26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија се соочува со бран на банкроти

Германија се соочува со бран на банкроти

Годинава и следната ќе се зголеми бројот на банкротирани компании во Германија, пред се поради повисоките цени на енергенсите, жешката инфлација и проблемите со синџирите на снабдување.

300.000 домашни компании сега имаат финансиски проблеми, вели ревизорската агенција Криф во студијата објавена во вторникот, за која поминала низ податоците на речиси три милиони компании.

Во ноември банкротирале 15,6 отсто од фирмите, повеќе отколку во март, пренесува ДПА.

„Надуените трошоци за енергија, прекините во синџирите на снабдување и инфлацијата предизвикуваат проблеми за многу компании“, рече менаџерот на филијалата на Криф во Германија, Франк Шлајн. Тој ги припишува тешкотиите на послабата домашна потрошувачка „поради поскапувањата и инфлацијата“.

Агенцијата прогнозира дека бројот на корпоративни банкроти во Германија оваа година ќе биде за 3,6 отсто поголем од 2021 година. „Сега пресметуваме дека во 2022 година 14.500 компании ќе бидат несолвентни“, рече Шлајн, додека во наредната година тој број ќе порасне на 17.000.

Лани, според официјалните податоци, имало 13.993 стечаи на фирми, најмалку од стапувањето во сила на сегашната регулатива во 1999 година.

Сепак, ова се должи на посебните регулативи за пандемијата, односно гледањето низ прсти за компаниите кои во нормални околности би пропаднале поради неликвидност или презадолженост.

Нормалните околности повторно стапија на сила на 1 мај минатата година, а до почетокот на оваа година беа изземени само компаниите кои претрпеа штети во поплавите во летото 2021 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП