11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Estée Lauder“ е блиску до договор за купување на „Tom Ford“

„Estée Lauder“ е блиску до договор за купување на „Tom Ford“

„Estée Lauder“ е блиску до затворање на договорот за стекнување на „Tom Ford“ за околу 2,8 милијарди долари, надоврзувајќи се на долгогодишниот договор за лиценцирање меѓу двете компании, изјавија за „Wall Street Journal“ извори запознаени со ова прашање. Ова би можело да биде најголемата аквизиција во историјата на козметичкиот гигант.

Според изворите, „Estée Lauder“ победила на наддавањето за луксузниот моден бренд, кој привлече конкуренција од големи имиња во индустријата како што е „Kering“.

„Ако разговорите не доведат до пречка во последен момент, договорот би можел да биде објавен уште денес“, изјави еден од изворите.

Во петокот „Financial Times“ напиша дека „Estée Lauder“ е подготвена да склучи договор за купување на „Tom Ford“. Во август, публикацијата објави дека „Estée Lauder“, која продава брендови како „Clinique“ и „M.A.C.“, преговара со „Tom Ford“ за договор кој може да достигне најмалку 3 милијарди долари. Нестабилноста на пазарите и стравувањата од слабеење на економијата се чини дека донекаде влијаеле на цената.

„Tom Ford“ е најпознат по својата машка облека, иако продава и женска облека, додатоци и брзорастечка врвна линија на козметика и парфеми. Бизнисот со производи за убавина на „Tom Ford се смета за т.н ултрапрестиж бренд.

„Estée Lauder“ е особено заинтересиран за овој бизнис, за кој има договор за лиценцирање. Помалку е запознаен со модниот бизнис, но преземањето може да и овозможи на компанијата да таргетира нови категории на производи и подобро да се натпреварува со модните куќи како што е „LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton“.

Претходно овој месец, „Estée Lauder“ рече дека нејзините органски приходи од продажба паднале за 5% во последниот квартал, погодени од заклучувањето поради Ковид-19 во Кина, како и од забавувањето на нарачките од американските трговци на мало. Козметичката компанија со седиште во Њујорк ја намали прогнозата за тековната фискална година.

Со текот на годините, таа беше активна компанија за купување, но нејзините зделки беа релативно мали. „Estée Lauder“ плати околу 1 милијарда долари за да го купи остатокот од канадската компанија „Deciem“ во 2021-ва година, како и корејската компанија за нега на кожа „Have & Be“ во 2019-та година. Неколку години претходно ја купи „Too Faced Cosmetics“ за околу 1,5 милијарди долари.

Францускиот „Kering“, чии брендови ги вклучуваат „Gucci“, „Saint Laurent“ и „Balenciaga“, минатиот месец објави поголем од очекуваниот пораст на приходите од продажба, делумно поттикнати од американските туристи кои диво трошат во Париз и другите европски метрополи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП