25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Target“ забележа пад на профитот од 50% по разделбата со несаканите залихи

„Target“ забележа пад на профитот од 50% по разделбата со несаканите залихи

Профитот на „Target“ падна за околу 50% бидејќи компанијата се раздели со несаканите залихи и нејзиниот приход од продажба се забави пред празничната сезона. Ова го поттикна малопродажниот гигант да ги намали своите очекувања за најважниот период од годината, пишува „CNBC“.

Компанијата, исто така, рече дека планира да ги намали вкупните трошоци до 3 милијарди долари во следните три години, наведувајќи ја потребата да стане поефикасна по две години огромен раст на приходите од продажба. За време на пандемијата, приходите на компанијата скокнаа за околу 40 проценти.

„Target“ не откри како ќе ја постигне целта за штедење, но вели дека не планира да отпушти вработени или да го замрзне процесот на вработување.

Цената на акциите на гигантот падна за речиси 13% пред почетокот на трговскиот ден. Акциите завршија во вторникот со тргување со раст од 4%, откако конкурентот „Walmart“ објави успешен квартал. Акциите на „Target“ паднаа за повеќе од 22% во оваа година, а нејзината пазарна капитализација е 83,38 милијарди долари.

Приходите од продажбата на „Target“ паѓаат бидејќи семејствата се соочуваат со сè повисоки цени на производите, принудувајќи ги да изберат што им треба наместо она што го сакаат. Ова може да носи потенцијално предупредување за празничната сезона на шопинг. Главниот директор за раст на „Target“, Кристина Хенингтон, рече дека чувствителноста на цените на клиентите е заострена во последните две недели од октомври.

„Target“ повтори многу од работите што ги кажа ривалот „Walmart“ при обајвувањето на резултатите. Потрошувачите се загрижени за повисоките цени на храната, домувањето и другите основни производи. Тие купуваат многу помалку производи без попуст и наместо тоа чекаат попусти. Тие избираат и помали производи, честопати насочени кон поевтини брендови.

Големите зделки се вратија во малопродажната индустрија по години на послаб и исцрпени залихи – динамика која исто така влијае на финансиските резултати, вклучително и на „Target“. Компанијата соопшти дека очекува послаб празничен квартал. Исто така, предвидуваше низок едноцифрен пад на споредливите приходи од продажба за кварталот и оперативна маржа од околу 3%.

„Target“ не даде прогноза по последниот квартал од оваа година, но рече дека очекува неповолните услови да продолжат.

„Гледајќи напред, очекуваме предизвикувачкото опкружување да опстои и по празничната сезона и до 2023-та година“, коментира главниот финансиски директор Мајкл Фиделке.

Трговецот на мало постигна напредок во расчистувањето на голем дел од вишокот залихи. Залихите се зголемија за околу 14% на годишно ниво, во споредба со 36% во вториот квартал и 43% во првиот квартал. Но, овој процес влијае на профитот. Нето приходот на „Target“ во третиот квартал речиси се преполови на 712 милиони долари, или 1,54 долари по акција, од 1,49 милијарди долари или 3,04 долари по акција, една година порано.

Приходите достигнаа 26,52 милијарди долари, додека аналитичарите очекуваа 26,38 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП