27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПопуларниот ресторан за брза храна „Еверест“ отвори модерен локал во Веро центар

Популарниот ресторан за брза храна „Еверест“ отвори модерен локал во Веро центар

Популарниот ресторан за брза храна „Еверест“, познат по уникатните сендвичи и најквалитетно кафе, конечно отвори свој локал и во Скопје како дел од „Веро“. Интернационалниот бренд, кој во Грција и регионот има повеќе од 200 ресторани на најпрометни локации, денеска официјално ги отвори вратите на новиот модерен локал лоциран во Веро центар.

Голем број посетители на првиот ден од отворањето беа нестрпливи да пробаат од широкиот избор на уникатна, вкусна храна и свежо приготвени пијалаци, како и од популарните сендвичи на „Еверест“ кои секој потрошувач ги приготвува според сопственикот вкус. Посетителите уживаа во ароматичните кафиња послужени во модерниот и пријатен амбиент на ресторанот, уреден според највисоките стандарди на брендот. На менито на „Еверест“ може да се најдат најразлични салати, топли и ладни сендвичи, тортиљи, свежо приготвени печива, вкусни десерти, здрави оброци и освежителни пијалаци, како и различни видови кафе приготвено од најквалитетни мешавини. Главната одлика на понудата на „Еверест“ се многубројните опции за сечиј вкус во секој дел од денот, секогаш приготвени со производи со препознатлив квалитет и одлична цена.           

„Еверест“ е еден од најголемите синџир ресторани за брза храна во Грција, со повеќе од 200 локали низ целата земја, но и во поширокиот регион, кои послужуваат повеќе од 100.000 потрошувачи дневно. Со отворањето на „Еверест“ ресторанот во Скопје, „Веро“ ја стави Македонија на мапата на земји кои на потрошувачите може да им ги понудат уникатните производи на овој популарен бренд.

Со отворањето на „Еверест“ во Скопје го прошируваме портфолиото на „Веро“ со уште еден популарен интернационален бренд кој предизвикува огромен интерес во земјите во кои е присутен. Наша цел е секогаш на потрошувачите да им понудиме поголем избор на квалитетни и докажани брендови кои нудат врвен квалитет и услуга. Тоа што успеавме да го донесеме „Еверест“ на нов пазар во период кога целиот свет се соочува со криза е доказ дека интернационалните партнери веруваат во стабилноста на „Веро“ и во нашата подготвеност да се развиваме и покрај сите предизвици – вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро.

Покрај „Еверест“, дел од портфолиото на „Веро“ се и франшизите за „Џамбо“ маркетите (Jumbo), за ресторанот за брза храна „Гудис“ (Goody’s) и за популарниот ресторан за самопослужување „Фул плејт“ (Full plate) во состав на Веро центар.  

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП