Утрово веднаш по почетокот на наставата повторно дојави за бомби добиле неколку средни училишта во Скопје. Наставата е прекината и учениците се евакуирани.
„ Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

