2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДве залутани ракети паднаа во Полска во близина на границата со Украина...

Две залутани ракети паднаа во Полска во близина на границата со Украина – две лица загинаа

Две лица загинаа денеска во Пржеводов, село во источна Полска, недалеку од границата со Украина, соопштија пожарникарите.

„Пожарникарите се на терен, не е јасно што се случило“, изјавил претставник на локалната противпожарна служба, пренесува Ројтерс.

АП пренесува, повикувајќи се на американски безбедносни извори, дека експлозијата била предизвикана од заскитани руски ракети од соседна Украина.

Полските медиуми јавуваат дека две лица загинале кога две залутани ракети паднале попладнево врз селото Пржеводов во провинцијата Лублин, на полската страна на полско-украинската граница.

Според локалните медиуми, полскиот премиер Матеуш Моравјецки свикал итен состанок на владиниот комитет за прашања за национална безбедност и одбрана.

„Две залутани ракети паднаа во селото Пржеводов во провинцијата Лублин на границата со Украина. Погодија сушари за жито. Две лица загинаа. Полицијата, обвинителството и војската се на местото на настанот“, јавува локалното радио ЗЕТ.

Полските медиуми јавуваат дека денешниот руски ракетен напад во Украина бил најмасовниот од почетокот на воената интервенција и дека за време на нападот биле лансирани повеќе од сто крстаречки ракети кон Харков, Киев, Лавов и Ковел и дека многу градови биле оставени без струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП