Последна новина во работењето на ЕДС ќе биде интеграцијата на трговијата и снабдување со електрична енергија и природен гас за што ЕДС веќе се стекна со лиценца за трговија и снабдување со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, открива во интервју за „Капитал“, главниот извршен директор на ЕДС, Јанис Јанопулос.

„ЕДС секогаш беше авангардна компанија со воведување новини во работењето, како во трговскиот, така и во снабдувачкиот бизнис. Први почнавме да откупуваме енергија произведена од обновливи извори кои немаа статус на повластен производител со што придонесуваме кон енергетската транзиција, први воведовме понуди и снабдување по индексирани цени кога пазарот не нудеше долгорочно хеџирање по фиксни цени, први воведовме договори со претплата за да можат клиентите да искористат најниски цени на пазарот, први воведовме формирање цени по часовен профил на потрошувачите за оние индустрии кои работат ноќно време за да можат да ги намалат трошоците за енергија користејќи ги ноќните ниски часовни цени. ЕДС, во новиот Закон за енергетика од јуни 2018 година, се избори за обезбедување пристап (на сите снабдувачи) до базата на податоци на сите комерцијални потрошувачи, со што оперативниот дел од работењето на снабдувачите се искачи на многу помодерно ниво со современи IT алатки обезбедени од операторот на дистрибутивниот систем. Последна новина во работењето на ЕДС ќе биде интеграцијата на трговијата и снабдување со електрична енергија и природен гас за што ЕДС веќе се стекна со лиценца за трговија и снабдување со природен гас издадена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги“, вели во интервјуто кое се реализираше по повод одбележување на јубилејот 10 години успешна работа на ЕДС на македонскиот енергетски пазар.

