29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BioNTech“ од „Novartis“ ќе купува објект во Сингапур

„BioNTech“ од „Novartis“ ќе купува објект во Сингапур

Германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ купи од „Novartis“ објект во Сингапур за производство на вакцини и лекови базирани на револуционерната технологија на гласник рибонуклеинска киселина (mRNA), објави компанијата.

Производниот капацитет, кој ќе отвори повеќе од 100 работни места, се очекува да стане целосно оперативен до крајот на 2023-та година, објави „BioNTech“, но не објави финансиски детали.

„Ова купување ни дава можност да го забрзаме воспоставувањето на најсовремена фабрика за производство на „mRNA“ и со тоа побрзо да изградиме капацитет за потенцијални клинички студии и комерцијално снабдување со вакцини и терапевтски средства базирани на „mRNA“ во регионот“, рече главниот оперативен директор на „BioNTech“, Сиерк Поетинг.

Тој додаде дека новиот објект ќе биде целосно интегриран објект кој ќе обезбеди можности за производство на „mRNA“ вакцини со очекуван годишен производствен капацитет до неколку стотици милиони дози. Германската компанија доби меѓународно значење со развојот на вакцината „mRNA“ против коронавирусот, во партнерство со американскиот „Pfizer“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП