26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа извршителите нема криза - за шест месеци наплатиле над 63 милиони...

За извршителите нема криза – за шест месеци наплатиле над 63 милиони евра, 9 повеќе од лани

За извршителите во земајва како да нема криза. За само шест месеци од годинава наплатиле над 63 милиони евра од граѓани, компании и од државата. Тоа е за 9 милиони евра повеќе од резултатот кој го оствариле во првите шест месеци лани.

Од вкупно наплатените 63,3 милиони евра во првите шест месеци од годинава над 19 милиони евра биле наплатени од физички лица, или за над 1,5 милион евра повеќе од истиот период во 2021 година.

Најмногу пари, над 35 милиони евра биле наплатени од компании, што е за над 7 милиони евра повеќе од истиот период лани. А 9,5 милиони евра биле наплатени од државата, речиси исто колку и лани.

Од наплатените пари најголем дел завршиле кај компаните, дури 51,5 милиони евра, што е за 8 милиони евра повеќе од лани. Речиси 12 милиони евра завршиле кај граѓани,а околу 670.000 евра биле наплатени во корист на државата.

До јули годинава кај извршителите во земјава завршиле вкупно 75.528 барања за извршување, а лани во истиот период имале 59.992 барања. Годинава реализирале 31.405 барања за извршување, а лани за шесте месеци имале подобра реализација или 31.438 барања, или во проценти годинава реализацијата била 11,03%, а лани 11,98%

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП