27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде ќе се трошат 5,3 милијарди евра од државната каса до година?!

Каде ќе се трошат 5,3 милијарди евра од државната каса до година?!

Државната каса секоја година е се потешка. Напорите на сите власти до сега да се намалат трошењата од државниот буџет, резултираат со се поголем буџет. Па така, 5,3 милијарди евра државата планира да потроши во идната кризна 2023 година. Или 600 милиони евра повеќе од годинава, или 1,2 милијарди евра повеќе од пандемиската 2020 година.

ГОДИНА РАСХОДИ
2023 година 5,3 милијарди евра
2022 година 4,7 милијарди евра
2021 година 4,2 милијарди евра
2020 година 4,1 милијарди евра

Власта планира да ги зголеми трошењата, за субвенции и трансфери, плати, пензии, стоки и услуги. Па така најголема ставка е таа за субвенции, трансфери, социјални трансфери од цели 3,3 милијарди евра или за тоа ќе се потрошат за 600 милиони евра повеќе од годинава.

За социјални трансфери каде се платите, пензиите, социјалната помош се предвидени 2,3 милијарди евра, што е зголемување за 8,9 проценти во однос на годинава.

Субвенции,трансфери и социјални трансфери 3,3 милијарди евра

Социјални трансфери 2,3 милијарди евра +8,9%

Расте и ставката за исплата на плати на буџетарите, за што догодина ќе се потрошат 567 милиони евра, или 27 милиони евра повеќе од годинава

ГОДИНА ПЛАТИ
2023 година 567 милиони евра
2022 година 540 милиони евра
2021 година 514 милиони евра
2020 година 490 милиони евра

Иако се најавуваше штедење од непродуктивните трошења, сепак од предлог државната каса за догодина не се гледа тоа. Па така за стоки и услуги ќе се потрошат 374 милиони евра или за 2 % повеќе во однос на годинава. За спорната ставка на експертите – договорни услуги ќе се потрошат 122 милиони евра или за 50 милиони евра повеќе од годинава. Рате и ставката за трансфери до невладини организаци – предвидени се 20 милиони евра или за 11 милиони евра повеќе од годинава. За купување на возила ќе се потрошат 1,6 милиони евра, за 475.000 евра повеќе од годинава. Пари ќе има и за политичките партии, за кои се предвидени околу 5,6 милиони евра од буџетот на Министерството за правда.

Стоки и услуги 374 милиони евра +2%
Договорни услуги 122 милиони евра (+50 милиони евра)
Трансфери до невладини организации 20 милиони евра (+ 11 милиони евра)
Купување возила 1,6 милиони евра (+475.000евра)
Политички партии од буџетот на Министерство за правда 5,6 милиони евра

Преамбициозни според експертите се проекциите за капитални инвестиции, за кои се проектирани 800 милиони евра, што е зголемување за 52 проценти во однос на годинава. Но она што забележуваат експертите и бизнисот е дека капиталните проекти ниту една година не се реализираат во целост и се првата ставка која се крати со ребалансите на буџетот.

ГОДИНА КАПИТАЛНИ РАСХОДИ
2023 година 795 милиони евра
2022 година 521 милиони евра
2021 година 484 милиони евра
2020 година 310 милиони евра

Иако се најавуваше кратење на парите со кои ќе располагаат државните институции, сепак поради енергетската криза кај голем дел буџетите се поголеми од годинава. Така на врвот на листата со најголем буџет е Министерството за финансии – Функции на државата за кое се планирани 1,2 милијарди евра.

Од Министерствата, убедливо најголем буџет за следната година има Министерството за труд и социјална политика, кое добива 868 милиони евра.

Министерството за образование и наука ќе добие речиси 506 милиони евра. Министерство за транспорт и врски, следната година на располагање ќе има 324 милиони евра. За министерството за одбрана се одвоени 277 милиони евра, а МВР ќе добие 205 милиони евра. Министерството за здравство пак за следната година има на располагање 112 милиони евра.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП