3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКолку е издржлив еден од најмоќните телефони? (ВИДЕО)

Колку е издржлив еден од најмоќните телефони? (ВИДЕО)

Уште од објавувањето на моделот „Asus ROG Phone 6 Pro“ во јули оваа година, многумина се прашуваат колку е издржлив овој телефон. Сега го имаме одговорот.

Минатата година, „Asus ROG Phone 5“ не се снајде најдобро на тестот за свиткување, понуден од Зак од популарниот „YouTube“ канал „JerryRigEverything“. Во средината на оваа година пристигна неговиот наследник, а на истите тестови на издржливост беше подложен и „ROG Phone 6 Pro“.

За почеток, екранот „Gorilla Glass Victus“ може да се гребе од шестото ниво на скалата на Мос, со подлабоки гребнатини од седмото ниво. AMOLED дисплејот трае околу 30 секунди под оган, по што изложената област станува црна и не се опоравува.

Страните на телефонот се направени од алуминиум, а интересно е што копчињата можат да се менуваат. Системот на камерата е направен од стакло.

На крајот беше направен најважниот тест. За жал, „Asus ROG Phone 6 Pro“ не помина добро на тестот за свиткување, бидејќи се преполови при првиот обид. Интересно е што екранот остана недопрен, но нефункционален. Задниот дел е целосно уништен.

Ова не е толку големо изненадување, бидејќи гејмерските телефони обично не се направени за да бидат издржливи, туку да нудат најдобри перформанси и се опремени со најмоќниот хардвер и дополнителни функции за играње. Тоа значи дека треба малку повеќе да внимавате на овие телефони кога ги користите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП