27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Iveco“ ја зголеми својата прогноза за профитот

„Iveco“ ја зголеми својата прогноза за профитот

Производителот на камиони „Iveco Group“ објави дека зголемувањето на цените на неговите производи ќе ги надомести повисоките трошоци за суровини и енергија. Италијанската компанија ја зголеми прогнозата за приходите и оперативниот профит за целата година.

Прилагодената заработка на концернот пред камати и даноци (EBITА) за 2022-ра година ќе биде помеѓу 420 и 440 милиони евра, во споредба со претходната проценка од 400-420 милиони евра.

Нето добивката од индустриската активност се очекува да порасне меѓу 5-6% во однос на претходната прогноза за раст од 3-4%.

Од „Iveco“ велат дека одлуката за зголемување на прогнозите ги одразува „солидните“ годишни резултати и „повисоката достапност на полупроводниците“ во преостанатите месеци до крајот на 2022-ра година.

Компанијата ќе започне со испорака на своите први целосно електрични камиони следната година и планира да претстави прототип на комбе со водородни горивни ќелии во партнерство со „Hyundai Motorѕ“.

Главниот извршен директор Герит Маркс рече дека подобреното снабдување со чипови ќе го олесни производството.

„Зголемената достапност на полупроводниците ќе ни овозможи да започнеме со нормализирање на нашите неделни распореди за производство во сегментот на камиони“, рече Маркс за време на презентацијата пред аналитичарите.

Тој додаде дека нарачките за нови комерцијални возила остануваат на стабилно ниво.

Сепак, групата предупреди дека синџирот на снабдување останува под притисок, додека трошоците за енергија и забрзаната инфлација продолжуваат да претставуваат предизвици.

Во третиот квартал, прилагодената оперативна добивка на „Iveco“ од индустриски активности се зголеми на 64 милиони евра во споредба со 33 милиони евра остварени една година претходно. Податоците се во согласност со очекувањата на пазарот за добивка од 62 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП