26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНема враќање назад – новиот интерфејс на „Gmail“ сега е задолжителен за...

Нема враќање назад – новиот интерфејс на „Gmail“ сега е задолжителен за секого (ВИДЕО)

Во февруари оваа година беше објавено дека „Gmail“ добива нов кориснички интерфејс, а неколку месеци подоцна Google им дозволи на оние кои сакаат да го испробаат редизајнираниот изглед.

Во текот на јули, овој интегриран кориснички интерфејс почна да се шири кај корисниците, но имаше опција за враќање на стариот интерфејс на „Gmail“ за оние на кои не им се допаѓа новиот изглед. Сега таа опција ја нема, а интегрираниот распоред на „Gmail“ е стандарден за сите корисници.

Иако корисниците се лишени од можноста да се вратат на оригиналниот интерфејс, „Google“ посочува дека ќе можат да ги приспособат темите, типот на сандачето и другите функции, така што новиот „Gmail UI“ е полесен и поудобен за користење.

Идејата зад новиот, интегриран приказ за „Gmail“ е да обезбеди брз пристап до другите апликации на „Google“ и услугата „Meet“ директно од еден интерфејс. Апликациите се преместени на левиот панел, така што нема потреба да се префрлате помеѓу табовите, сè е направено во истиот прозорец.

„Google“ најави дека може да поминат 15 дена додека новиот интерфејс на „Gmail“ да стане достапен за сите корисници како стандарден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП