6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААко сте збунети, не сте сами: Твитер има нов план за верификација...

Ако сте збунети, не сте сами: Твитер има нов план за верификација на профилот

Изгледа дека новиот план за верификација на Твитер ќе биде двостепен систем.

Потпретседателката на Твитер, Естер Крафорд, која го води секторот за претплата Twitter Blue, потврди дека покрај сините значки, компанијата ќе користи и посебна „official“ ознака за селектираните сметки.

Според извештаите, ознаката „official“ ќе биде резервирана за владини нарачки, комерцијални компании, деловни партнери, големи медиуми, издавачи и некои јавни личности.

Не е познато како Твитер ќе одреди која сметка се квалификува за оваа нова ознака и дали ќе мора да помине низ нови процеси за верификација.

Се истакнува дека сите претходно проверени сметки нема да ја добијат ознаката „official“ и таа ознака не е достапна за купување.

Се чини дека планот е создаден за да се ублажат критиките што се појавија откако Маск ги објави плановите за Twitter Blue и верификација.

„Official“ ознаката и проширената верификација се очекува да пристигнат на Твитер во наредните денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП