Како дел од активностите со кои што Energy Delivery Solutions (ЕДС) го одбележува својот јубилеј 10 години успешна работа на македонскиот пазар, вработените во компанија денеска реализираа еколошка акција во Паркот на Франкофонијата во Скопје.

„ЕДС како општествено одговорна компанија во рамки на активностите за одбележувањето 10 години успешна работа на македонскиот пазар за трговија со електрични енергија одлучи да спроведе акција со која што ќе придонесе за општото добро и да даде свој скромен придонес кон подобрување на условите за живот и работа на граѓаните. По тој повод, компанијата одлучи да спроведе акција за чистење на локација во градот поточно во општина Центар, каде што како компанија, ЕДС е лоцирана со свои канцеларии во изминативе 10 години“, изјави по повод акцијата, главниот извршен директор на ЕДС, Јанис Јанопулос.




