26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот гигант воведува 4-дневна работна недела: Сакаат да бидат „атрактивен“ работодавач

Германскиот гигант воведува 4-дневна работна недела: Сакаат да бидат „атрактивен“ работодавач

Познатиот германски производител на облека „Гари Вебер“ им дозволува на своите вработени да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата.

Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување“, изјави шефицата на „Гари Вебер“ Анџелика Шиндлер-Обенхаус за дневниот весник „Билд“.

Според неа, тој модел се исплати и на компанијата и на вработените.

„Вработените имаат свои потреби, кои може да се променат во зависност од нивната животна ситуација“, додаде таа.

Колку пофлексибилни се рамковните услови на работодавачот, толку повеќе може да се задоволат овие потреби.

„На вработените им даваме автономија и самоодговорност. Тие го сфаќаат ова како признание и придонесуваат за поголема мотивација и лојалност“, објасни таа.

„Гери Вебер“ има намера во иднина да биде атрактивен работодавач.

Според неа, на Германија и е потребен ваков модел поради недостаток на професионална работна сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП