3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд денес Мета започнува со отпуштања

Од денес Мета започнува со отпуштања

Очигледно, технолошката компанија Мета, на чело со Марк Цукерберг, од денеска почнува да отпушта работници.

Цукерберг претходно им кажа на стотици раководители во компанијата, истакнувајќи дека „има еден куп луѓе во Мета кои не треба да бидат таму“.

Според њујоршкиот весник WSJ, се очекува да бидат отпуштени илјадници вработени, што ќе биде најголемото отпуштање во технолошкиот сектор оваа година. За потсетување, Twitter најави отпуштања за 50% од својата работна сила, но тоа ќе ја надмине таа бројка.

WSJ понатаму додава, цитирајќи извори, дека Цукерберг се појавил вознемирен на состанокот и рекол дека е „одговорен за погрешните чекори на компанијата“. Тој исто така изјавил дека неговиот преголем оптимизам во однос на растот довел до прекумерен број вработени, пренесува Ројтерс.

Менаџерот за човечки ресурси на Мета, Лори Голер, рече дека вработените кои ќе останат без работа ќе добијат најмалку четири месеци плата во вид на отпремнина. Според податоците на Мета, компанијата на крајот на септември имала повеќе од 87.000 вработени.

На Мета, инаку, оваа година и оди многу лошо, а инвеститорите полека ја губат довербата во Цукерберг, најмногу поради неговиот фокус на метаверзумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП