1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКомбето на Дел Бој - најлош британски автомобил на сите времиња

Комбето на Дел Бој – најлош британски автомобил на сите времиња

delboj1

2.000 британски возачи учествуваа во интересна анкета која ја спроведоа авторите на емисијата „Wheeler Dealers“, чија цел била избор на најдобриот и најлошиот автомобил кој бил некогаш направен на Островот.

„Победникот“ кој ја понесе титулата најлош автомобил е „Reliant Robin“, кој на многумина им е попознат како комбето со три тркала на прочуениот Дел Бој од серијата „Сплетки“.

Не е тешко да разберете зошто доби такво „признание“: мотор со капацитет од 700 кубика, подоцна заменет со мотро со 800 кубика, ужасна стабилност и изглед за кој е тешко да се најде некаков опис.

delboj2

Сепак, во текот на 70-те доста добро се продавал, пред се поради ниската цена, но и поради фактот дека поради трите тркала што ги имал се плаќал помал данок во однос на регуларните автомобили со четири тркала.

Со одредни прекини, се произведувал од 1973 до 2002 година, а од 1974 до 1978 со лиценца се произведувал и во Грција, додека пак, под името „Badal“ се произведувало и во Индија. Интересно е тоа дека возачите на „Reliant Robin“, според една анкета од 2011 година, се прогласени за најбезбедни возачи во Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП