28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSony Bravia XR X90K – импресивни бои, реалистичен контраст и висококвалитетен звук

Sony Bravia XR X90K – импресивни бои, реалистичен контраст и висококвалитетен звук

Уникатната технологија на серијата X90K на Sony Bravia XR овозможува револуционерно искуство кое најреално им ги пренесува на гледачите омилените содржини.

Преку Full Array LED, прецизно се контролира задното осветлување и се добива реалистичен контраст во светлите и темните делови истовремено.

Сликите се анализираат вкрстено и се изоструваат преку когнитивниот процесор, особено околу фокусната точка, за да се добие реална длабочина, извонреден контраст и прекрасни и живописни бои.

Нова уникатна структура на LED-светилки и XR Triluminos Pro му овозможува на X90K да прикаже повеќе од милијарда бои и да ги репродуцира боите со дискретни разлики како во реалниот свет. Тој ги открива боите преку заситување, тонови и светлина за да создаде природни нијанси во сите детали.

Со прецизно балансирање на приказот на светлина низ целиот екран, затемнување одредени површини и осветлување други, XR Contrast Booster ја прилагодува светлината за приказ на посветли тонови во одблесоците и подлабоки црни тонови во сенките.

Со XR HDR Remaster, телевизорот може да ги открие сите предмети на екранот, да ги анализира нивните бои и да го прилагоди контрастот за ги направи сликите уште пореални.

XR Super Resolution ги открива предметите во сликата и репродуцира практично реални текстури на екранот.

Со XR Smoothing сцените се репродуцираат со илјадници тонови, нијанси и градации, поради што изгледаат многу реално.

Cognitive Processor XR™ со XR Motion Clarity™ ги анализира движењата во повеќе кадри за да создаде јасни, осветлени и остри движења.

Acoustic Multi-Audio™ користи високотонци за позиционирање на звукот за да репродуцира високофреквентни звуци од соодветно место на екранот. Со звучниците X-Balanced Speaker ќе слушате јасен и висококвалитетен звук.

X90K има вграден сензор за осветленост што ја оптимизира светлината на сликата според условите во собата, односно ја зголемува во светли соби и ја намалува во темни соби, за да добиете совршена слика.

Фантастичниот смарт телевизор X90K Sony Bravia XR Ве воведува во сосема ново и неповторливо искуство, во кое ќе уживате со само еден клик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП