20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКупувачите на „iPhone“ ќе бидат разочарани

Купувачите на „iPhone“ ќе бидат разочарани

Клиентите на уредите „iPhone“ може да очекуваат доцнење во испораката на овие производи поради ограничувањата предизвикани од коронавирусот во производствената фабрика во Кина, предупреди компанијата „Apple“.

Производствениот партнер на „Apple“, фабриката за „iPhone“ на „Foxconn“ во Женгжу, Кина работи под ограничувања, што привремено влијае на примарната фабрика за склопување на моделите „iPhone 14 Pro“ и „iPhone 14 Pro Max“.

Неодамна, имаше извештаи дека работниците во фабриката за склопување на „iPhone“ во Кина ја напуштиле фабриката откако бранот случаи на Ковид-19 ја принуди фабриката целосно да се затвори.

„Foxconn“, официјалниот снабдувач на делови на „Apple“, има голем број работници во својот комплекс во Женгжу и не објави официјален број на заразени со вирусот Ковид-19.

Од „Apple“ велат дека тесно соработуваат со добавувачот за да се вратат на нормално ниво на производство, а во исто време работат на обезбедување здравје и безбедни услови за секој работник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП