26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКосовските институции од денеска без срби

Косовските институции од денеска без срби

Од денеска на северот на Косово и Метохија нема да има српски полицајци. Тие во неделата формално ги поднесоа оставките во нивните полициски станици. Во текстот на оставката наведуваат дека доброволно се повлекуваат од лични и морални причини.

Освен во полициските станици, српските полицајци нема да бидат и на управните пунктови „Јариње“ и „Брњак“, кои ги напуштија вчера попладне.

Во другите институции и служби формирани според Бриселскиот договор, од денеска нема да има Срби. Судските органи останаа без судии и обвинители, локалната самоуправа без администрација и функционери затоа што оставки поднесоа и општински и административни службеници.

И покрај незадоволството на Србите од политиката на владата во Приштина на северот на Косово, на Косово деновиве е мирно, а утрово редовно почна наставата во училиштата, отворени се и здравствените установи, а дуќаните се добро снабдени.

Се очекуваат дипломатски и политички решенија за настанатата криза во односите меѓу локалните Срби и владата во Приштина.

Американската амбасада во Приштина побара од Аљбин Курти веднаш да формира Заедница на српски општини. Од амбасадата бараат од Србите да се вратат во институциите, предупредувајќи дека актуелните спорови, како што велат, имаат капацитет дополнително да ескалираат на терен.

На синоќешната седница на Владата во Приштина, Аљбин Курти рече дека „не може да се загрозат законитоста и уставноста додека дијалогот и институциите немаат алтернатива“.

Курти го повтори повикот до Србите да не ги бојкотираат и да ги напуштат косовските институции, за кои рече дека им служат на сите без разлика.

Протестот на Србите уследи по потегот на Приштина, без претходен договор, да ги укине табличките на КМ и да почне да ги казнува оние кои не сакаат да ги регистрираат своите автомобили со таблички РКС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП