6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТвитер трајно ќе ги суспендира профилите на оние кои лажно се претставуваат

Твитер трајно ќе ги суспендира профилите на оние кои лажно се претставуваат

Твитер трајно и без предупредување ќе ги суспендира корисниците кои се претставуваат како постоечки вистински луѓе, откри новиот сопственик на компанијата Илон Маск.

„Во иднина, сите профили на Твитер кои се претставуваат без јасно да наведат дека се „пародија“ ќе бидат трајно суспендирани“, напиша Маск на Твитер.

„Претходно издадовме предупредување пред суспензијата, но сега кога воведуваме широка проверка, нема да има предупредување“, додаде тој.

Маск исто така најави дека секоја промена на името ќе предизвика привремено губење на сината значка што потврдува дека профилот е автентичен.

Овој потег доаѓа откако платформата, наводно, ги суспендираше корисниците кои ги сменија своите кориснички имиња во Илон Маск, вклучувајќи ја американската комичарка Кети Грифин и актерот Рич Сомер.

По суспензијата на Грифин, Маск на Твитер објави дека тоа е направено затоа што лажно се преставуваа комичарката.

Но, ако навистина сака да си ја врати сметката, може да ја добие… За 8 долари“, напиша новиот сопственик на оваа социјална мрежа.

Маск минатата недела го заврши преземањето на платформата во вредност од 44 милијарди долари, веднаш кратејќи го персоналот и воведе месечна претплата за корисниците кои сакаат сина ознака за проверка на автентичноста на сметката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП