7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИдеи за интересна и препознатлива визит картичка

Идеи за интересна и препознатлива визит картичка

bizcard1

Визит картичката е највреден маркетинг алат на претприемачот. Иако многумина не обрнуваат внимание на нејзиниот изглед и само го пишуваат нивното име и контакт, Вие бидете дел од оние креативните, ако не сакате Вашата визит карта да се се изгуби во морето на картици или како најлоша варијанта да биде фрлена во корпа за отпадоци.

Најдобар начин за да започнете со извршување на оваа задача е да ги ставите на бирото сите можни картици за да видите која најмногу ќе Ви го привлече вниманието и зошто. Утврдено е дека  картичките со црвена боја, нестандарни форми и позадините со боја различна од белата бодат око.

Еве уште неколку креативни совети:

– Да има позлатени рабови.

– Да бидат проѕирни.

– Да бидат во 3D форма.

– Напишете некоја позната поговорка, мисла од некој познат филм или пак извадок од Светата книга, зависно од тоа со што се занимава Вашата фирма.

За готвачи: Напишете омилен рецепт на задната страна на картичката.

За детективи: Ставете отпечатоци од прсти.

За преведувачи: Напишете некоја реченица на повеќе јазици.

За доктори: Ставете приказ на заби, од некој Ваш задоволен клиент.

За брокери: На задната страна на картицата, ставете хипотекарна кредитна каматна табела.

За банкари: Нека има ,,расфрлено” кредитни картички.

За ветеринари: Ставете отпечаток на загриз од куче.

За пожарникари: Нека има јагленосана дупка на задната страна.

Ова се само неколку интересни и креативни идеи за изработка на уникатна визит картичка, а само небото е граница кога станува збор за креативноста. Бидете горди на Вашата визит картичка (a со тоа и на Вашата работа) и во рацете ќе имате нешто што луѓето нема да го заборават. Доколку почнете да добивате комплименти за Вашата картичка треба да знаете дека сте на вистинскиот пат!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП