27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАЈОПАСНАТА ЦРНА ДУПКА ЗА ЗЕМЈАТА! Три пати поголема од Сонцето, никој не...

НАЈОПАСНАТА ЦРНА ДУПКА ЗА ЗЕМЈАТА! Три пати поголема од Сонцето, никој не знае од каде е создадена во нашиот систем!

Астрономите ја открија најблиската позната црна дупка до Земјата, оддалечена само 1.600 светлосни години.

Научниците денеска објавија дека оваа црна дупка е 10 пати помасивна од нашето Сонце и три пати поблиску од претходната најблиска црна дупка, пренесува АП.

Регионот во вселената беше идентификуван со набљудување на движењето на нејзината придружна ѕвезда, која орбитира околу црната дупка на приближно исто растојание како што Земјата орбитира околу Сонцето.

Црната дупка првично беше откриена од вселенското летало Гаја на Европската вселенска агенција, изјави Карим Ел-Бадри од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсонијан.

Тој и неговиот тим се обратија до Меѓународната опсерваторија Gemini на Хаваи за да ги потврдат своите наоди.

Истражувачите велат дека не се сигурни како се формирала црната дупка во галаксијата Млечен Пат.

Терминот црна дупка во астрономијата претставува објект чие гравитационо поле е толку силно што ниту една форма на материја или зрачење не може да избега од него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП