13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов удар по џебот на граѓаните, колку ќе боли – ќе видиме...

Нов удар по џебот на граѓаните, колку ќе боли – ќе видиме по Нова година!

Надлежините започнаа да ги подготвуваат граѓаните за ново зголемување на цените на електричната енергија по Нова Година. Од старот на 2023 година данокот на додадена вредност од пет отсто се зголемува на 10 отсто. Со оваа одлука на министерството за финансии е сигурно дека следува зголемување на трошоците на електрична енергија за домаќинствата и компаниите кои се на регулираниот параз. Регулаторот неколку пати ја смируваше јавноста дека можно е да нема зголемување на цената доколку нема основ за тоа, но сега паѓаат во вода тие најави, а граѓаните веќе се во пресметки колку дополнително ќе им поскапи животот.

Според експертите кои коментираа за Денар, граѓаните треба да очекуваат зголемување на трошоците за електрична енергија. Добро е тоа што државата помага со субвенционирање на крајната цена, но пред нас е долга и тешка зима која ќе мора паметно да се менаџира. Консултантот за енергетика Сања Божиновска додава дека и во иднина владата треба да помага за граѓаните и компаниите да не добијат енермно зголемување на сметките за електрична енергија.

„Во Македонија цените се субвенционирани во голем дел така што ЕСМ во услови кога берзите достигнуваат и до 800 евра за мегават час, на ЕВН ја продаваат енергијата за 48 евра за мегават час. Мислам дека овој тренд ќе продолжи и ЕСМ во целост ќе ја испорачува потребната количина на електрична енергија за многу пониски цени. Имајќи го ова во предвид, следната година би можело да има некое мало покачување на цените за домаќинствата, меѓутоа не очекувам драстични зголемувања. Владата секако ќе се искаже за стапката на ДДВ а и Регулаторната комисија за енергетика ќе биде дел од одлуката за процентот на евентуално зголемување на цената“, вели Сања Божиновска.

Сега Регулаторот смета дека неминовно ќе биде зголемување на цената на струјата. За колку, во моментов не може да се каже, бидејќи ќе треба да се обработат податоците од компаниите од енергетскиот сектор кои ќе достават барања за признавање на трошоци до Регулаторната комисија за енергетика.

„РКЕ и да не донесе промена на цената на електричната енергија само врз основа на ДДВ ќе се зголеми трошокот на граѓаните за електрична енергија. Треба да видиме каква ќе биде состојбата во 2023, па потоа да разгледуваме дали воопшто имаме потреба да носиме промена на ценатата на електричната енергија“, велат од РКЕ.

Пред два дена од владата потврдија дека од први јануари струјата поскапува. Во последниве десетина дена на неколку пати надлежните се пофалија дека од домашните производствени капацитети се задоволува потрошувачката на струја во земјава. Но сега ќе претстои период кога ќе мора да се купува скапа струја од берзите бидејќи дел од јавните претпријатија, училиштата и останати институции ќе добиваат струја од регулираниот пазар.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП