19 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИДобриот извештај на „eBay“ ја зголеми цената на акциите за 8%

Добриот извештај на „eBay“ ја зголеми цената на акциите за 8%

Кварталните резултати на „eBay“ ги надминаа очекувањата на „Wall Street“ бидејќи потрошувачите загрижени од инфлацијата се свртеа кон користени производи. Платформата за е-трговија, исто така, ги жнее наградите од проширувањето на своите луксузни понуди, пренесува „Reuters“.

Компанијата сè уште очекува приходите од кварталот од празниците да бидат малку под проценките, но инвеститорите го игнорираа тоа и ја зголемија цената на акцијата на „eBay“ за 8% во тргувањето по работното време.

„Бидејќи потрошувачите на големите пазари се соочуваат со постојана инфлација, повисоки каматни стапки и зголемени трошоци за енергија во домот, тие се повеќе се свртуваат кон „eBay“ во потрага по подобра вредност“, рече извршниот директор на компанијата Џејми Ианоне.

„еBay“ ги прошири категориите на својата платформа нудејќи половни патики и накит, капитализирајќи ја постојаната побарувачка од тврдокорните колекционери за предмети со висока вредност како електроника, часовници и друго.

Сепак, директорите на компанијата предупредија на неизвесноста на пазарот, вклучително и силниот американски долар, влошената енергетска криза во Европа и слабата доверба на потрошувачите пред празничната сезона на шопинг.

Сепак, енергетската криза ја зголеми побарувачката за енергетски производи за домот во Германија, посочуваат тие. Ова се должи на зголемените цени на комуналните услуги и неизвесноста околу достапноста на енергијата.

Цената на акциите на компанијата падна за околу 40% од почетокот на годината.

„еBay“ очекува приходи меѓу 2,42 и 2,50 милијарди долари за последниот квартал од годината. Според податоците на „Refinitiv“, проценката е малку под 2,49 милијарди долари што ги очекуваа аналитичарите. Нема дивергенција во приспособените очекувања за заработка.

Лидерот на онлајн индустријата за малопродажба „Amazon.com“, исто така, сигнализира тешка сезона на празниците, бидејќи овогодинешниот пораст на цените на храната, горивото и другите основни работи ги принудува потрошувачите да ги стават во „мирување“ импулсните купувања.

Приходите на „eBay“ во третиот квартал паднаа за 5% на 2,4 милијарди долари, но ги надминаа проценките од 2,32 милијарди долари. Прилагодената заработка по акција од 1 долар беше за 7 центи повисока од прогнозата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП