Германскиот канцелар рече дека денеска лидерите на Западен Балкан ќе преземат три важни чекори склучувајќи три важни договори (за патување со лични карти, признавања дипломи и професионални квалификации).
„Заедничката иднина без граници е клучна за Западен Балкан“, изјави Шолц на отворањето на Самитот на Берлинскиот процес во главниот град на Германија, на кој присуствува и премиерката Ана Брнабиќ.

