28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата цел за „Toyota“ e да се израмни со „Tesla“

Новата цел за „Toyota“ e да се израмни со „Tesla“

Јапонската компанија ја менува стратегијата за транзиција кон електрични автомобили.

„Toyota“ никогаш не ја криела својата желба да се справи со еколошката транзиција со имплементирање на различни технологии за борба против штетните емисии, но менаџментот на компанијата отсекогаш бил скептичен за преминот кон целосно електрични возила. Сепак, ова се промени и јапонскиот производител целосно ја промени стратегијата за електрификација, пренесува „Reuters“.

Според информациите, врвниот менаџмент на „Toyota“ го разгледува целиот план за воведување нови возила на пазарот, во кој се инвестирани околу 38 милијарди евра. Новата цел за Јапонците е да се натпреваруваат со „Tesla“ во однос на продажбата на електрични автомобили. Се вели дека шефовите на компанијата ја прекинале работата на некои електрични модели претставени минатиот декември, вклучувајќи ги „Toyota Compact Cruiser“ и електричниот „Crown“.

Преиспитувањето на сегашната стратегија може да ја наведе компанијата да го одложи лансирањето на одредени електрични возила додека сѐ уште е во фаза на планирање. Приоритет овде ќе биде преглед на одредени активности поврзани со производните процеси за да се подобри севкупната ефикасност и да се зголеми споделувањето на компоненти и технологии.

Компанијата дури размислува да изгради нова платформа за замена на „e-TNGA“, која беше претставена дури во 2019-та година како основа за електрични, хибридни и термални автомобили. Истиот беше искористен за создавање на електричниот кросовер „bZ4X“, кој се произведува само неколку месеци.

Одлуката на „Toyota“ да ја промени стратегијата, наводно, се должи на фактот дека реалната продажба на електрични возила ги надминала претходните прогнози на компанијата, кои укажуваат на побавно ширење на автомобилите со нулта емисија. Гледајќи ги бројките, шефовите на „Toyota“ одлучија дека електричното возење ќе донесе придобивки. Сепак, во споредба со „Tesla“ – реперот за е-мобилност, јапонските инженери сфатија дека трошат премногу за производство на автомобили на батерии.

Интересно е што пред само 10 години, кога „Tesla“ и „Toyota“ соработуваа на електричниот „RAV4“, инженерите на јапонската компанија се уверија дека „Tesla“ нема особено интересни технологии и решија да ја прекинат соработката во 2017-та година. Нов импулс кон електрична енергија е исто така поради желбата на менаџментот да го зајакне зелениот имиџ на брендот. „Toyota“, која беше пионер на хибридни возила, привлече многу еколошки инвеститори и беше еден од најпопуларните производители меѓу еколошките групи, но неодамна тоа се промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП