26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi A4“ и „A5“ штотуку станаа уште поатрактивни (ФОТО/ВИДЕО)

„Audi A4“ и „A5“ штотуку станаа уште поатрактивни (ФОТО/ВИДЕО)

Седанот „А4“ на „Audi“, како и купето „А5“, се автомобили кои многумина ги ценат и посакуваат. За да бидат уште почесто барани на улица, „Audi“ реши дополнително да ги подобри со пакетите „Competition Edition“ и „Competition Edition Plus“.

Пакетот доаѓа со голем број додатоци. Така, деталите за надворешноста, како што се предната маска, доводот, дифузерот и издувните цевки, се направени во сјајна црна завршница.

Истото важи и за амблемот на „Audi“, куќиштата на ретровизорите и дискретниот заден спојлер.

Пакетот се нуди и на „S“ верзиите „А4“ и „А5“, што потоа значи малку поинаква „шминка“.

Исклучок е „A5 Cabriolet“ кој е со хромирани детали.

Пакетот „Competition Edition Plus“ додава на списокот детали како што се страничното светло со проекција на „S“-логото, амбиенталното осветлување, затемнети леќи на фаровите и црвено обоени клешти на сопирачките.

Новите пакети стануваат достапни од јануари 2023-та година, а во зависност од моделот и пакетот ќе чинат од 950 до 3.150 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП