19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ следната година ќе произведе 290 милиони телефони

„Samsung“ следната година ќе произведе 290 милиони телефони

Пандемијата на коронавирусот, инфлацијата, проблемите со синџирот на снабдување и глобалниот економски пад ја намалија побарувачката за паметни телефони, принудувајќи го „Samsung“ да ги ревидира своите планови за оваа година.

Од првично очекуваните 300 милиони единици, според реалниот опсег се намалени на 260 милиони единици, што е помалку од испораките во 2021-ва година кога на пазарот беа испорачани 270 милиони мобилни телефони.

Според информациите објавени од „The ​​Elec“, „Samsung“ планира да произведе 290,68 милиони паметни телефони во текот на 2023-та година, што е намалување за околу 13% во споредба со првичната цел од 334,2 милиони оваа година. Во исто време, целните испораки на „Samsung“ за 2023-та година се околу 270 милиони единици, само малку повисоки од овогодинешната ревидирана цел, слично како во 2021-ва година. Производителите на мобилни телефони обично го поставуваат обемот на производство за 10% поголем од обемот на испорака, и оваа разлика обично се искористува како неопходен инвентар или за промотивни цели.

Од 290,68 милиони единици што технолошкиот гигант ќе ги произведе следната година, серијата „Galaxy S23“ ќе сочинува 32,63 милиони единици. Од нив: 14,74 милиони (45%) ќе бидат „Galaxy S23 Ultra“; следен од „Galaxy S23“ со 12,47 милиони единици (38%) и „Galaxy S23 Plus“ со 5,42 милиони единици (17%).

„Samsung“ исто така планира да произведе вкупно 10,4 милиони телефони на преклопување од новата 5-та генерација кои ќе бидат лансирани во текот на следната година. Од друга страна, „Galaxy Z Flip 5“ ќе биде произведен во 6,86 милиони примероци, а потоа следува „Galaxy Z Fold 5“ со 3,54 милиони примероци.

Извори блиски до јужнокорејскиот гигант известуваат дека „Samsung“ испорачал помалку „Galaxy Z Flip 4“ уреди отколку што очекуваше во овој момент, па оттука и поконзервативната цел за „Galaxy Z Flip 5“.

Интересно е што предводниците сочинуваа 20% од вкупниот обем на производство за 2022-ра година. „Samsung“ очекува продажбата на водечките паметни телефони да порасне во 2023-та година и покрај економската криза.

Покрај горенаведеното, следната година би требало да бидат произведени вкупно 215,65 милиони телефони од серијата „Galaxy A“, додека плановите за серијата „Galaxy M“ се поставени на 9,77 милиони примероци. Серијата „Galaxy A“ сочинува 74% од вкупното производство на паметни телефони на „Samsung“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП