19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлон Маск го назначи новиот извршен директор на Твитер - самиот себе

Илон Маск го назначи новиот извршен директор на Твитер – самиот себе

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, основачот на компаниите „SpaceX“ и „Tesla“, кој неодамна го купи Twitter, се назначи за нов извршен директор на социјалната мрежа откако го распушти одборот на директори и најави нови промени.

Маск, откако ја презеде контролата врз Твитер минатата недела, ги отпушти главните директори на компанијата, вклучително и извршниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и шефот за правни и политички прашања Вијаја Гејд (која се сметаше за главен „цензор“ и го затвори затвори профилот на поранешниот Американскиот претседател Доналд Трамп), претседателот на Бордот на директори Брет Тејлор, извршниот претседател Омид Кордестани…

Тој, исто така, привремено го распушти одборот на директори на Твитер и се назначи себеси за единствен член на одборот, се наведува во поднесокот до американската Комисија за хартии од вредност, пишуваат американските медиуми.

Покрај Твитер, Маск е и извршен директор на неговите компании „Тесла“ и „СпејсИкс“, а се смета и дека тој де факто ја води својата компанија „Неуралинк“, иако во неа нема извршна функција. Тој е и шеф на фондацијата Маск, која се занимава со поддршка на науката и обновливите извори на енергија.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори блиски до Маск, објави дека неговиот тим планира да отпушти околу 25 отсто од работниците во првиот круг од реструктуирањето.

Долгогодишниот правен застапник на Маск, познатиот адвокат Алекс Спиро, ги водел дискусиите за отпуштањето на работниците, пишува американскиот весник.

Веднаш по преземањето на Twitter, кој го купи за 44 милијарди долари, Маск на описот на својот профил на таа социјална мрежа го додаде името „chief twitt“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП